Ѓоковиќ мечот го стартуваше со изгубен сервис, но брзо успеа да го врати загубениот брејк и да израмни. До крајот двајцата тенисери ги добија своите сервиси, па сетот се решаваше во тајбрејк. Ечевери имаше водство од 3-0 на стартот од тајбрејкот, но Новак успеа да се врати од негативата и со 7-5 го доби табрјекот.
Во вториот сет Ѓоковиќ го крена нивото и со убедливи 6-2 победи за конечен триумф од 2-0 во сетови.
Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра против Григор Димитров. Бугарскиот тенисер со 2-0 во сетови го доби мечот со Вавринка.