четврток, 5 декември 2024

Ѓорѓе Иванов во Мароко говорел за потребата од итни реформи во ОН и Советот за безбедност

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов учествуваше на шеснаесеттото издание на форумот МЕДејс (MEDays) во организација на Институтот Амадеус, што се одржал под покровителство на Кралот на Мароко во периодот од 28 до 30 ноември во Тангер.

Објавено на

часот

Сподели

Како што посочуваат од неговиот кабинет, темата на форумот „Размислување за дејствување“, обединила различни групи на учесници од лидери и актуелни и поранешни политичари, академици, бизнисмени, до разновидни чинители и експерти кои разговарале за справување со критичните глобални предизвици и промовирање акциони и делотворни решенија.

За време на пленарната сесија посветена на темата каков поредок е неопходен за глобалниот хаос, Иванов се осврнал на потребата од итни реформи на мултилатералните институции пред сè Обединетите нации и Советот на безбедност. Тој потенцирал дека во време кога Советот на безбедност при ОН е парализиран пред сè поради правото на вето, и дека мноштво од ингеренциите и овластувањата треба да се пренесат во Генералното собрание при ОН како вистински претставник на земјите и каде одлуките се носат со мнозинство гласови.

За време на форумот, Иванов се обратил и на тркалезната маса поврзана со потребата од редефинирање на глобалната безбедност, на која ги посочил можните нови парадигми во мултиполарниот и фрагментиран свет.

Во текот на форумот, Иванов остварил повеќе средби и се вклучил во повеќе дискусии, потврдувајќи ја својата посветеност за поттикнување стратешки дијалог за повеќе значајни прашања од регионално и глобално значење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ