Двете тениски икони добија привилигирана позиција и директен пласман во полуфиналето на турнирот во Саудиска Арабија, но и двајцата ги загубија своите мечеви. Ѓоковиќ со 2-1 загуби од Јаник Синер, а Надал во два сета беше поразен од Алкараз.
Двата порази значат дека тие ќе се сретнат во мечот за третото место, а овој дуел ќе биде посебен бидејќи ќе биде последен нивни меѓусебен меч. Синер и Алкараз ќе играат во финалето за награда од шест милиони долари.
Надал неодамна најави дека ќе се пензионира по завршницата од Дејвис купот во Малага каде што се очекува да настапи само во двојки.