петок, 6 декември 2024

Список на најбезбедни земји во случај на избувнување трета светска војна

Во секое сценарио што предвидува трета светска војна, постојат истакнато неутрални земји што би можело да бидат поштедени. Овие нации се карактеризираат и со географска оддалеченост, а богатите ресурси ги прават идеални дестинации за избегнување на глобалните конфликти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Атмосферата на планетата никогаш не била понапната, дури и меѓу земјите каде што нема драма. Така, Скандинавците добиваат список со намирници во случај на војна, а Тајмс оф Индија објави список на земји во кои треба да се преселиме ако сакаме да ја избегнеме третата светска војна… Не е изненадување што се доста далечни и недостапни.

Антарктикот

Иако не е држава, Антарктикот си обезбеди место на сите списоци од ваков вид поради неговата екстремна изолираност.

Познат по пејзажите што го одземаат здивот и ледениот терен, тоа не е местото што многумина би го нарекле дом, но…

Фиџи

Фиџи е изолирана островска држава во огромниот Тихи Океан со мирна надворешна политика.

Населението живее скромно, а неговите зелени шуми, минерални извори и богати риболовни терени го прават Фиџи привлечно засолниште во услови на глобална неизвесност.

Исланд

Исланд постојано е на врвот на листата на Глобалниот индекс на мирот. Со изобилни резерви на слатка вода, обновливи извори на енергија и морски ресурси, Исланд постигнува самодоволност, така што воопшто не мора да се потпира на други земји за основните ресурси. Впрочем, тука е и најосамената куќа во светот, за која се шпекулира дека е засолниште во случај на апокалипса.

Гренланд

Додека Данска, како дел од Европската Унија и НАТО, може да биде на удар во случај на војна во Европа, Гренланд, автономна конститутивна земја, останува стратегиски оддалечена и политички неврзана. Неговиот далечни, планински терени го прават погодно место за бегство од остатокот од светот.

Нов Зеланд

Нов Зеланд, со својата стабилна демократија и историја без воени судири, е уште една скриена и развиена нација. Со плодна почва, чиста вода и способност да произведува сопствена храна, планинскиот терен на Нов Зеланд нуди природни засолништа од потенцијална инвазија.

Бутан

Опкружен со Хималаите, Бутан обезбедува одлично засолниште, скриено од потенцијални закани. Со својата посветеност на надворешната независност и внимателното избегнување дипломатски сплетки, Бутан секако не е логична цел за инвазија.

Ирска

И покрај нејзината близина до потенцијален конфликт во Англија, Ирска одржува целосно независна надворешна политика и се воздржува од членство во НАТО. Таа е воено неутрална, така што секој конфликт би можел да ја заобиколи.

Швајцарија

Швајцарија, позната по својата политичка неутралност, има планински терен без излез на море и многубројни нуклеарни засолништа. Дури таму и да слетаат нуклеарни бомби, швајцарското население е добро заштитено со бункери и опкружено со планини, создавајќи одбрана од соседните земји. Инаку, Швајцарија баш сака да привлече нови жители – им плаќа на луѓето да се доселат, но со одредени услови.

Индонезија

Вклучувањето на Индонезија на оваа листа произлегува од нејзината традиционално неутрална позиција за глобалните политички прашања, отелотворена во „слободна и активна“ надворешна политика. Земјата се фокусира на независна акција во меѓународните прашања и е посветена на поттикнување на глобалниот мир.

Тувалу

Во рамките на огромните пространства на Тихи Океан, Тувалу е исклучително повлечена и политички неврзана нација. Малото население и занемарливите ресурси не им даваат поттик на главните земји вклучени во светска војна да го таргетираат Тувалу. Уникатно самодоволни, таму произведуваат сопствена храна и залихи, обезбедувајќи ја својата независност и веројатна изолација во воено сценарио.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ