вторник, 26 ноември 2024

Германските власти: Украинските напади со беспилотни летала врз Русија се според меѓународното право

Објавено на

часот

Сподели

„Русија ја нападна Украина и поради тоа Украина има право загарантирано со Повелбата на ОН да ја брани сопствената земја и својот народ“, изјави германската министерка за новинарите како одговор на прашање за можната опасност од ширење на конфликтот поради нападите со украински беспилотни летала во Московскиот регион.

Според неа, Русија „безмилосно бомбардира цивилни цели во Украина, силоси за жито, болници и цркви“, додека Украина се брани во рамките на меѓународното право.

Аналена Бербок го изјави ова на заедничката прес-конференција во Берлин со нејзиниот естонски колега Маргус Цакна.

„Украина го следи меѓународното право и ние треба да бидеме јасни во врска со тоа. Ние не зборуваме само за завршување на војната, туку и за следење на мировниот план на претседателот Зеленски. Тоа значи, туркање на Русија во Русија“, изјави министерот за надворешни работи на Естонија.

Според него, заострувањето е веќе започнато, алудирајќи меѓу другото и на депортацијата на илјадници украински деца во Русија.

Москва го обвинува Киев за нападите со беспилотни летала, додека Киев генерално не ги коментира.

Руските власти денеска соопштија дека Русија веќе петти ден по ред е цел на напади со украински беспилотни летала. Во нападите нема жртви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ