Гаши констатирал дека двете земји имаат одлична меѓусебна соработка, уште од времето кога земјава ја призна независноста на Косово.
„Важно е таа тенденција на добри односи да се задржи и продлабочи во наредниот период. Со оглед на тоа што нема меѓусебни политички нерешени прашања, фокусот да се стави на инфраструктурни проекти, зајакнување на економската и трговска соработка, како и соработка во областа на образованието, културата и здравството, сè со цел олеснета комуникација и уште поголемо зближување на народите“, кажал Гаши.
Коњуфца му ја честитал новата позиција на Гаши, како претседател на законодавниот дом, по успешните избори кои, како што навел, беа тест за демократијата, сериозноста и зрелоста на државата.
„Исто така, тој изрази задоволство од членството на нашата земја во НАТО и посака што поскоро зачленување во Европската Унија. Во нашата земја Косово гледа добар партнер и коректен сосед од кого добива континуирана поддршка низ годините“, се вели во соопштението на Собранието на Македонија.
Двајцата соговорници се согласиле дека евроинтегративната цел е заедничка и дека се дели истата рамка на вредности и ориентации.