понеделник, 23 септември 2024

Францускиот премиер најави поголеми даноци за богатите

Францускиот премиер Мишел Барние кажа дека нема да ги зголеми даноци за повеќето даночни обврзници но дека најбогатите ќе мора да помогнат во затворањето на дупките во буџетот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вчера беше претставена новата француска влада предводена од Барние. Неговата прва и најтешка задача ќе биде составување на буџетот за следната година додека Франција се бори со зауздување на растечкиот буџетски дефицит.

„Нема да ги кревам даноците на Французите, ни на најскромните, ни на работниците, ни на средната класа. Но не можам да ги исклучам најбогатите од националните настојувања да ја поправиме ситуацијата“, кажа Барние.

Новиот француски премиер, кој беше водечки преговарач на Европската Унија за брегзитот, кажа дека е отворен за промени во пензиската реформа на Макрон, но дека тие промени не би требало да ги поткопуваат финансиите на пензискиот систем.

Истакна дека сака поквалитетно да се позанимава со тешкотиите на вработените мајки низ нивниот долг работен стаж и дека е отворен за предлози од работодавачите и синдикатите.

Барние вети и прагматични мерки за ограничување на миграцијата.

„Ни треба европски одговор. Треба да дејствуваме и дома“, кажа Барние. „Треба поостро да се посветиме на проблемот со миграцијата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ