Од УЈП денеска упатија апел навреме да се поднесат ДДВ – 04 пријавите со цел да се избегне непотребен стрес и дополнително чекање на обработка на пријавите доколку истите ги испратите последниот ден.
„Во моментов, системот на УЈП работи непречено, до денеска поднесени се 1706, ДДВ – 04 пријави од вкупно очекуваните 7405, што е 23,4% од вкупно очекуваните ДДВ – 04 пријави за овој оданочив период. Обврска да поднесат ДДВ-04 пријава, имаат сите даночни обврзници, вклучително и оние кои во соодветниот период немале извршен оданочив промет“, се посочува во соопштението од УЈП.
Се подвлекува дека процесот на поднесување на пријавите е под постојан мониторинг, а сите заинтересирани можат редовно да го следат трендот на статистиките за поднесените ДДВ-04 пријави по региони на веб-страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/javni_informacii/category/2005