вторник, 15 октомври 2024

Милан ја прекина негативната низа против Интер и конечно го доби градското дерби (ВИДЕО)

Милан со 2-1 го доби градското дерби против Интер и се чини дека со овој триумф Пауло Фонсека си ја зачува работата.

Објавено на

часот

Сподели

Росонерите пред овој меч имаат шест последователни порази во дуелите со Интер, но конечно на таа ужасна серија ѝ дојде крајот.

Натпреварот почна одлично за Милан, по само 10 минути игра Пулишиќ даде гол за водство од 1-0.

18 минути подоцна резултатот беше израмнет, Димарко реализираше по асистенција од Лаутаро за 1-1.

И двете екипи имаа шанси за гол, но овој резултат долго време беше актувен, се чинеше дека така и ќе заврши мечот, но тогаш падна гол.

Во 89. минута по нафрлување на Реиндерс, Габија даде гол со глава за победа на Милан од 2-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ