четврток, 10 октомври 2024

ДУИ: Ги повикуваме Албанците да останат обединети и будни

„Ги повикуваме сите граѓани Албанци да продолжат да останат будни и  обединети против обидите да нè разделат и да манипулираат со јавното мислење. ДУИ и Али Ахмети ќе продолжат со максимална посветеност да ја водат албанската кауза со достоинство, секогаш почитувајќи ја волјата и аспирациите на албанскиот народ“, реагираат од ДУИ на вчерашното соопштение од коалицијата Вреди во кое, меѓу другото, се наведува дека Ахмети само за да остане на власт, му понудил на тогашниот мандатар Христијан Мицкоски коалицијата Европски фронт да добие само четири министерства, без да ја добие функцијата претседател на Собранието на Македонија. Вреди обвини и за обиди за сокривање на криминалот на ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

„По вчерашното срамно откритие дека изјавите на некои албански партии се напишани во седиштата на македонските партии и потоа доставени за да се нападне ДУИ и нашиот лидер, Али Ахмети, сакаме да нагласиме дека овој чин предизвика длабок гнев и револт меѓу Албанците. Албанците никогаш нема да прифатат да бидат користени како алатки во сценарија напишани во седиштата на македонските партии.

Наместо да градат политики што им служат на националните интереси на Албанците, овие партии стануваат алатки на силите кои имаат за цел да ги оштетат нашите интереси. Ова не е напад само на една партија или еден лидер, туку е обид да се руши достоинството и националните аспирации на Албанците.

ДУИ останува цврсто посветена на заштитата на интересите на Албанците и на сите граѓани со транспарентност и достоинство. Нема да дозволиме овие ниски маневри да не запрат на нашиот пат кон исполнување на аспирациите на Албанците за еднаквост и праведно претставување“, се вели во реакцијата на ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ