понеделник, 14 октомври 2024
Шефот на дипломатијата во Њујорк

Муцунски во ОН: Злото од војни и конфликти мора да остане во минатото

Злото од војни и конфликти мора да остане во минатото, а иднината да биде предвидлива, просперитетна и без страв, истакнал, меѓу другото, шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во своето обраќање на Самитот на иднината на Интерактивниот дијалог на тема: „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународниот мир и безбедност“, на маргините на 79-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, на чие отворање присутна била и претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

Објавено на

часот

Сподели

Во своето обраќање, министeрот Муцунски нагласил дека во денешно време се соочуваме со многу закани, вклучувајќи нови конфликти, тероризам, насилен екстремизам, ризици од нови технологии, кршење на човековите права и климатски промени. Тој истакнал дека ниту една земја сама не може да се справи со овие предизвици и дека е неопходен ефикасен мултилатерализам за обезбедување на меѓународниот мир и безбедност.

„Самитот на иднината претставува можност за зајакнување на глобалното владеење и одговор на актуелните и идните предизвици. Пактот ни нуди траекторија за глобални акции и отвора пат за засилување на мултилатерализмот, истакнал Муцунски во обраќањето и изразил подготвеност за активно учество во напорите за зајакнување на мултилатерализмот.

Воедно, тој нагласи дека иднината треба да биде предвидлива, просперитетна и без страв, нагласувајќи дека злото од војна и конфликти мора да остане во минатото.

„Денес имаме уникатна шанса да ја зајакнеме нашата мултилатерална агенда и глобалните системи, прилагодувајќи ги на предизвиците со кои се соочуваме во областа на меѓународниот мир и безбедност. Утре веќе е наша сегашност, додал  Муцунски.

Министерот  Муцунски ја нагласил потребата за промовирање на мултилатерални решенија засновани на Повелбата на ОН, почитувањето на човековите права, владеењето на правото и демократијата, како клучни дипломатски алатки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ