четврток, 28 ноември 2024

ФК Гостивар одлучи мечот против Вардар да се игра без публика, Комити не се откажуваат

ФК Гостивар одлучи неделниот меч против Вардар кој треба да се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, да се игра без публика.

Објавено на

часот

Сподели

Гостивар е домаќин на тој меч, па очигледно не сака да се чувствува како гостин, но на ваквата одлука следуваше жестока реакција на Комити кои ветуваат дека забраните не можат да ги спречат да присуствуваат на мечот.

„Одлуката на Управата на ФК Гостивар, натпреварот во недела да биде одигран без присуство на публика, ја сметаме за срамна и ја отфрламе во целост!
Во недела, СИТЕ ЗАЕДНО ќе се упатиме кон стадионот, со една цел – поддршка за Вардар, сега кога е најпотребна. И тоа никој не може да го спречи!
Собир: Недела [15.09.2024] | 13:00ч.
Локација: Кино Маџари
Поаѓање:14:00ч.
Ги замолуваме сите кои ќе присуствуваат да не подлегнуваат на никакви провокации и внимателно да ги слушаат инструкциите на надлежните членови!
Се враќаме онаму каде што со години, искрено се бранеше црвено-црното. Онаму каде што народот извојуваше голема победа за клубот, во која учествуваа сите генерации на Вардарци!
Упатуваме апел до сите нив, до сите генерации, ДО ТЕБЕ! Не седи дома, не мисли, време е повторно за борба-за Вардар наш!
НЕМА НИКОЈ ДА НИ ЗАБРАНИ!“, стои во соопштението на Комити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ