четврток, 5 декември 2024

Ферстапен победи во Бразил со старт од 17. позиција, полека му се насмевнува нова титула

Макс Ферстапен со шампионско издание стигна до победа на ГН на Бразил, Холанѓанецот славеше и покрај тоа што стартуваше дури од 17. позиција.

Објавено на

часот

Сподели

Денешните квалификации ја отворија вратата за Ландо Норис дополнително да ја намали предноста на Макс Ферстапен и да го направи екстра возбудлив финишот од сезоната во Формула 1.

Сепак, Холанѓанецот попладнево имаше шампионско издание и стигна до победа на ГН на Бразил и покрај тоа што стартуваше дури од 17. позиицја.

Макс Ферстапен знаеше како да го искористи хаосот кој почна со излетувањето на Хулкенберг во 27. круг, новите врнежи на дожд, како и сударот на Колапинто, по кој беа покажани црвени знамиња.

По ре-стартот на трката, следуваа нови инциденти во кои беа инволвирани Бермен и Саинц, а кога конечно беа покажани зелени знамиња и дозвола за тркање, Макс Ферстапен изби на чело и не дозволи да биде загрозен во ниту еден момент.

На големо изненадување, на пиедесталот се качи двоецот на Алпин, Окон финишираше како втор, а Гасли како трет.

Потоа следуваа Расел и Леклер, а Норис финишираше како шести. Во бодови уште завршија Цунода, Пиастри, Лоусон и Хамилтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ