вторник, 2 јули 2024
Формула 1

Ферстапен и Норис се судрија, Расел на подарок доби победа во Австрија!

Џорџ Расел слави победа на ГН на Австрија, возачот на Мерцедес мина прв низ целта откако во финишот од трката дојде до судар помеѓу Макс Ферстапен и Ландо Норис.

Објавено на

часот

Сподели

Макс Ферастапен и Ландо Норис ќе има што да си кажат откако битката помеѓу двајцата денеска кулминираше со судар на ГН на Австрија.

Кога се чинеше дека Холанѓанецот е на чекор до нова победа, едно проблематично менување на гумите и грешка при кочење, го врати Ландо Норис во игра.

Љубителите на мото-спортот потоа уживаа во страшна битка од десетина круга, Ландо Норис правеше се што може за да избие на чело. Еднаш го претекна Макс Ферстапен, но мораше да ја врати позицијата откако излезе надвор од патеката, а потоа уште еднаш го претекна за момент, но актуелниот шампион се врати нелегално во водство откако ја напушти патеката.

Ландо Норис не чекаше стјуардите да пресечат, Макс Ферстапен грчевито се бранеше и во кругот број 64 дојде до контакт, болидите на двајцата беа оштетени, па Џорџ Расел се најде на првото место, го искористи подарокот и стигна до триумф.

Оскар Пиастри финишираше како втор, а последното место на подиумот му припадна на Карлос Саинц.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ