Рома беше подобар противник, создаде повеќе шанси, но си оди дома со пораз. Дополнително на тоа, се повредија Дибала и Абрахам кои предвреме го завршија мечот.
Рома пропушти голема шанса во 43. минута да дојде до победа откако Пелегрини ја погоди стативата со шут од пенал.
Казната стигна во 54. минута кога Вифер со гол од далечина донесе водство за Феенорд од 1-0 кое се покажа и како конечен резултат.
Рома имаше неколку одлични шанси во финишот за да дојде барем до реми, но домаќинот ја задржа предноста и се радуваше на триумф.