среда, 4 декември 2024

Воска и Вардар без голови, Шкендија го победи Пелистер во Битола

Денеска се одигра 15. коло од Првата македонска фудбалска лига, Пелистер и Шкендија играа под рефлектори, а победи тетовскиот тим со 1-0, немаше голови во Охрид каде Воска и Вардар одиграа 0-0.

Објавено на

часот

Сподели

Со гол на Рамадани во 36. минута ШКендија победи на гостувањето кај Пелистер. Тоа беше единствениот дуел кој се одигра во вечерен термин ова коло.

Претходно Воска и Вардар одиграа 0-0. Двете екипи имаа по неколку одлични прилики за гол, но не ги искористија.

Гостиварчани со голот на Машике го скршија отпорот на Тиквеш и славеа со 1-0, за да се одржат на водечкото место.

Силекс се радуваше во дербито на „Чаир“, каде што го совлада домаќинот Шкупи (0-2). Двоен стрелец за кратовчани беше Дарко Додев.

Работнички со пресврт дојде до убедлив триумф против Беса (4-1). Поведоа гостите преку Ракипи, но „романтичарите“ бргу израмнија со голот на Рашид. Во вториот дел со погодоците на Гандо и два на Али Регба домашните се вратија на победите во ПМФЛ по четири кола.

Нерешено заврши мечот во Струмица каде Брера и Струга одиграа 1-1. Тодоровски донесе водство за домаќините, гостите изедначија преку Укпа.

Резултати:
Пелистер – Шкендија 0-1
Воска – Вардар 0-0
Шкупи – Силекс 0-2
Работнички – Беса 4-1
Гостивар – Тиквеш 1-0
Брера – Струга 1-1

Табела: Шкендија 30, Гостивар 30, Силекс 30, Работнички 28, Струга 26, Шкупи 16, Пелистер 16, Брера 16, Беса 13, Воска 12, Вардар 12, Тиквеш 10.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ