„Проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот. ЕУ ја поздравува решеноста на партнерите од Западен Балкан да ги почитуваат и да се заложат за основните европски вредности и принципи. ЕУ, исто така, ја поздравува повторената посветеност на партнерите од Западен Балкан за приматот на демократијата, основните права и вредности и владеењето на правото“, се додава во Декларацијата.
Во документот се додава дека согласно со Декларацијата од Тирана од декември 2022 година, ЕУ ја нагласува потребата од одржливи и неповратни реформски достигнувања за владеењето на правото, функционирањето на демократските институции, економијата и реформите на јавната администрација.
„Сѐ покомплексната геостратешка средина, во која доминира руската агресија врз Украина и која е силно обележана со кризата на Блискиот Исток, продолжува да ја става на ризик европската и глобалната безбедност. Тоа ја покажува важноста на единството и целта во рамките на европското семејство и на стратешкото партнерство меѓу ЕУ и регионот на Западен Балкан што ќе донесе уште поблиски врски и поинтегрирана соработка со ЕУ, заснована на заеднички принципи и вредности“, се наведува во текстот.
Според учесниците на Самитот, застанувањето заедно со ЕУ е јасен знак за стратешката ориентација на партнерите повеќе од кога било во светлината на руската агресија врз Украина и другите безбедносни предизвици.
„ЕУ ќе продолжи да инвестира во мултилатерализмот и ќе соработува со партнерите за одбрана и одржување на меѓународниот поредок заснован на правила. Заедничката визија за иднината вклучува заеднички вредности и меѓусебни одговорности. Додека ја продлабочуваме нашата соработка со партнерите, ги повикуваме да постигнат брз и одржлив напредок кон целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и за рестриктивните мерки на ЕУ и да дејствуваат соодветно. Ги пофалуваме оние партнери од Западен Балкан кои веќе ја демонстрираат својата стратешка определба со целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и ги охрабруваме оние кои сè уште не го сториле тоа да го следат примерот. Го охрабруваме и подобрувањето на спроведувањето на рестриктивните мерки и спречувањето на нивно заобиколување“, се додава во Декларацијата.
Со други зборови, во завршната декларација ќе се побара од земјите од Западен Балан да спроведат санкции кон Русија. Единствено премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека нејзината земја нема да воведе санции.
„Тоа не го сакаат нашите граѓани бидејќи во деведесетите години почувствуваа што значат такви санкции и дека тие ги погодуваат најранливите категории од луѓето“, рече Брнабиќ нагласувајќи дека со барањата за реформи апсолутно се согласува,