„Бараме итен пристап до записниците од избирачките места. Сè додека не бидат објавени и проверени, резултатите од изборите што се објавени не може да се признаат“, изјави Борел за време на посетата на Виетнам.
Најмалку едно лице загина во демонстрациите што избувнаа вчера во Венецуела по објавувањето на победата на Мадуро од националното изборно тело, кој на тој начин ќе добие трет претседателски мандат, додека опозицијата тврдеше дека може да ја докаже победата на својот кандидат.
Според официјалните резултати, Мадуро (61) е реизбран за трет шестгодишен мандат со 5,15 милиони гласови или 51,2 отсто, додека претседателскиот кандидат на опозицијата, Едмундо Гонзалес Урутија (74) освои нешто помалку од 4,5 милиони гласови или 44,2 отсто.