Контроверзниот Кантона, кој се обиде и како актер, а на „Олд Трафорд“ остана запаметен како „Кралот Ерик“, веќе побарал од избраните народните избраници 500 потписи за да го поддржат и да му ја обезбедат кандидатурата за претседател. Кантона сака да стане претседател со цел да ја достигне поставената цел – помош на сиромашните.
Кантона во писмото до политичарите, кое го објави весникот „Либерасион“, не потенцирал дека со сигурност ќе учествува во трката, но меѓу редови ја најавил својата трка, со зборовите дека се залага за социјална еднаквост и дека нееднаквоста генерира насилство поради социјалните неправди и лимитираните шанси.
„Јас сум посветен граѓанин. Оваа посветеност ме обврзува да го кажам она што го мислам, многу посериозно од обично, но исто така и поради чувството на одговорност, во време во кое нашата земја се соочува со тешки одлуки за иднината“, стои во писмото на контроверзниот фудбалер.
Кантона беше запаметен како генијален фудбалер со нескротлив темперамент, кој во последно време се бори за социјална правда. Во 2010 година повикуваше на револуција против банкарите, односно сонародниците да ги извадат парите од банка за да ги турнат банкарите на колена.
Претседателските избори во Франција ќе се одржат во април годинава.