вторник, 26 ноември 2024

Експлозии во Либан: Јапонскиот производител тврди дека десет години не произведува воки-токи

Експлозии на кои очигледно мета биле воки-токи користени од Хезболах потресоа неколку градови во Либан во средата попладне, само еден ден по масовниот напад во кој експлодираа пејџери кои најчесто ги користат членовите на Хезболах, денеска јапонски производител на воки-токи објави дека не го произведувале уредот веќе десет години.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Јапонскиот производител Иком објави дека „пред десет години“ престанал да произведува воки-токи, за кои постои сомневање дека експлодирале во средата во Либан, убивајќи членови на движењето Хезболах за кое Израел обвинува дека ги подметнал.

„ИЦ-В82 е преносливо радио кое се произведуваше и извезуваше вклучително и на Блискиот Исток од 2004 до октомври 2014 година. Производството беше прекинато пред околу 10 години и оттогаш уредот не е испратен од нашата компанија“, соопшти денеска Иком како одговор на информациите на Њујорк тајмс и израелските медиуми кои го спомнаа тој модел.

Како што се додава, прекинато е и производството на батериите потребни за работа на тој уред, а не е идентификуван холографскиот печат што се користи за идентификација на фалсификувани производи, па не може да се потврди дали производот е испратен од таа компанија.

Компанијата соопшти и дека производите наменети за странските пазари се продаваат исклучиво преку одобрени дистрибутери.

„Сите наши радија се произведени во нашата производствена филијала Вакајама Иком во префектурата Вакајама под строг систем за управување … така што во производот не се користи ниту еден друг дел освен спецификацијата на нашата компанија. Дополнително, сите наши радија се произведуваат во иста фабрика, ние не произведуваме во странство“, се вели во соопштението на компанијата Иком.

Дваесет лица загинаа, повеќе од 450 се повредени ширум Либан во експлозија на воки-токи на членови на Хезболах, според либанското Министерство за здравство, еден ден по слични масовни експлозии на пејџери.

Во Бејрут, тие воки-токи експлодираа истовремено во јужните предградија во време кога беше во тек погребот на четворицата членови на Хезболах убиени претходниот ден во експлозија на пејџер, според извори блиски до либанското движење и спасувачите.

Локалните медиуми пренесуваат дека слични експлозии се случиле на југот и на истокот на земјата.

Во вторникот, во истовремени експлозии на пејџери, систем за радио пораки што го користеше и проиранското исламистичко движење, загинаа 12 лица, беа ранети меѓу 2.750 и 2.800, според либанското министерство во напад без преседан што му се припишува на Израел.

Израел не ги коментираше експлозиите, додека САД упатија строго предупредување до сите страни во конфликтот. Овој бран експлозии ги зголемува стравувањата од уште поширока војна меѓу Хезболах и Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ