Еврозоната ја сочинуваат 20 членки на Европската Унија кои го користат еврото како валута, а трите најсилни економии се Германија, Франција и Италија.
Економистите очекуваа пад на БДП од 0,1 отсто. Толку падна стопанството на еврозоната за време на летниот квартал.
Особено слаб стопански раст забележа Ирска, чиј БДП падна за 0,7 отсто. Експертите, меѓутоа, постојано предупредуваат на статистичките дисторзии, кои обично влијаат на податоците за растот на ирската економија.
Најголем раст имала економијата на Португалија, со 0,8 отсто. Меѓутоа, до сега сите членки на еврозоната не ги поднеле своите статистички податоци.
Од трите големи членки на еврозоната, Германија со пад на БДП од 0,3 отсто најлошо поминала.
Во однос на истиот квартал предминатата година, економијата на еврозоната во четвртиот квартал на 2023 година забележала раст од 0,1 отсто, што било очекувано.
Вкупно, на годишно ниво, растот на економијата во еврозоната минатата година бил 0,5 отсто.