Во 8. коло таа играше со втората носителка според рејтингот, Ивана Манова, при што во изедначена италијанска партија загуби еден пешак во средишницата, што потоа не можеше да го надомести во топовската завршница.
Наспроти ова, втората претставничка на ШК Алкалоид, ЖФМ Моника Стојковска, со црни фигури ја доби партијата со Викторија Велеска играјќи сицијлијанска одбрана, при што ја матираше противничката во 27 потези. Сега Стојковска ја предводи водечката група на шахистки со освоени 6 поени, а конечниот расплет ќе се знае по денешното последно 9. коло.
Отвореното првенство на Македонија, каде што настапуваат шахистите, исто така, е подготвено за драматичен финиш, откако вчерашните дуели на првите четири шахисти донесоа поделба на поенот, па сега на врвот се петмина шахисти со по 5,5 поени. Членовите на ШК Алкалоид, Филип Михов и ВМ Звонко Станојоски, се моментално лидери во таа група според тајбрејк-параметрите, но резултатите од денешното последно коло ќе бидат пресудни за конечниот пласман.