среда, 11 декември 2024

Во своите мемоари Меркел од балканските политичари го споменува замо Заев

„Храбар и одлучен“, пишува поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во своите мемоари за поранешниот премиер на Македонија Зоран Заев. Михаел Мартенс, познатиот германски новинар на Франфуртер алгемајне цајтунг и добар познавач на приликите на Балканот, на социјалната мрежа Х пишува дека поранешниот премиер Зоран Заев е единствениот (жив) политичар од Западен Балкан кој Ангела Меркел го споменува во своите мемоари. Мартенс имал увид во мемоарите на Ангела Меркел кои вчера се објавени на повеќе јазици во повеќе од 30 земји.

Објавено на

часот

Сподели

Во балканското поглавје Меркел не ги спомнува ниту Александар Вучиќ, ниту Еди Рама, Бојко Борисов или Борис Тадиќ.

Мартенс вели дека Меркел во нејзините мемоари избрала да не пишува негативно за политичарите на кои таа не им се допаѓа или не им верува и ги игнорира таквите политичари. Таа не ги ни споменува поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц, поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис и многу други, напиша Мартенс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ