„Ако до вчера нашите повици и барања за конструктивност се сметаа за субјективни и постојано беа игнорирани од страна на опозицијата, потврда за нивната рационалност е директната порака на САД за прекин на блокадата и заложништвото на европската иднина на земјата. Сметаме дека е дојдено време опозицијата да покаже конструктивност во решавачките моменти кога треба да го забрзаме чекорот кон Европа. Демократската унија за интеграција е убедена дека кај македонската опозиција има европски дух кој ќе триумфира над конфузијата и субјективниот протагонизам. Најголемиот непријател на државата е стагнацијата, затоа сите да понесеме одговорност размислувајќи пред сѐ за иднината на нашите деца“, велат од ДУИ.