„Секогаш како човек сум го сакал своето, а почитувал туѓото. Вчера како човек но, и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го честитав Денот на албанското знаме, а воедно и во рамки на годишната програма за култура со едногласна одлука на Советот беше подржан овој настан како и многу други во Куманово кои ги негуваат правата на етничките заедници.
Јавно ги осудувам вандалските настани и барам од институциите на прогонот да ги открие поединците и групите кои ова го предизвикаа, да ги изведе пред лицето на
правдата и да бидат санкционирани според законот.
Истото го очекувам и од моите колеги градоначалници на кои ова не им е прв пат да го кршат законот без да поднесат одговорност. Очекувам јавна осуда на ваквите настани од сите парламентарни и вонпарламентарни партии во Македонија, како и сите преТставници на меѓународната заедница.
После ова на тест е нашиот мултиетнички капацитет, дали е тоа искрена желба или пак само фарса? Јас сум за реално мултиетничко општество во кое што сите заемно ќе се почитуваме со еднакви права и обврски и сите еднакво одговорни пред закон.
Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложувала во тебе е злосторство против државата и треба да се одговара.
На крајот Македонија ќе победи, да живее Македонија“, се вели во изјавата на Максим Димитриевски.