„Инцидентите во Скопје и други градови низ државата се апсолутно неприфатливи, претставуваат директно загрозување на меѓуетничките односи, јавната безбедност и достоинството на Македонците.
Почитувањето на симболите и идентитетот на секоја заедница е темел на нашето заедничко општество, и секое однесување кое има за цел да предизвика поделби или тензии е спротивно на овие вредности.
Од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, бареме итно да постапи и МВР да ги преземе сите потребни мерки за санкционирање на сторителите на овие непромислени и штетни дејства. Безрезервното спроведување на законите е единствениот пат до зачувување на мирот, безбедноста и довербата меѓу сите граѓани.
Повикуваме на смиреност и воздржаност од дополнителни провокации“, се вели во реакцијата на СДСМ по синоќешните дивеења по улиците на неколку македонски градови за време на прославата на Денот на албанското знаме.