четврток, 21 ноември 2024

ДУИ: Проектот за Коридорот 8 е чист, тоа го потврди и Владата

Демократската унија за интеграција (ДУИ) смета дека целосното ретерирање на Владата без етнички легитимитет, ја потврди чистотата на проектот Коридор 8 и постапките на претходната власт.

Објавено на

часот

Сподели

Две години по ред, велат од ДУИ, ВМРО и Вреди се противеа и го опструираа проектот, ветија дека ќе го укинат, но без да сменат ниту една точка или запирка во договорот ниту во цената, го прифатија, продолжија, го нарекоа историско достигнување и се обидоа да го присвојат.

„Граѓаните знаат дека овој проект е осмислен, подготвен, договорен, потпишан, со ставен камен-темелник и со започнати градежни работите за време на Владата 2020-2024 година. Следен чекор за овој проект би требало да е Владата да ја врати одлуката делницата од Гостивар до Букојчани да се реализира со тунел, а не со планински автопат, бидејќи тунелот е најдобрата и најрационална опција за овој дел од коридорот. Повеќе годишниот политички лов на вештерки пропадна и вистината излезе на виделина, сѐ за доброто на граѓаните“, велат од ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ