понеделник, 25 ноември 2024

ДУИ ја поздрави одлуката на Бајден за санкции за непочитување на договорите од Охрид и Преспа

Демократската унија за интеграција соопшти дека ја поздравува извршната одлука на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден и се согласува со неа, со која, како што е наведено, се потврдува валидноста на американските казнени мерки против сите оние кои нема да ја почитуваат содржината на Охридскиот договор, на Договорот од Преспа и на Договорот за добрососедство.

Објавено на

часот

Сподели

„Одлуката е израз на виталната важност на овие договори со мировниот дух што го одразуваат, а нивното прекршување несомнено ги тресе темелите на мирот и претставува закана за вредностите на вистинската демократија.

Охридскиот договор, Договорот од Преспа и добрососедството се исто така плодови на објективното посредување на Соединетите Американски Држави во текот на сите овие години за поддршка на нашата земја и на целиот регион, патеки кои ни овозможија интеграција во НАТО и приближување пред вратите на Европа, како никогаш досега“, се потенцира во партиското соопштение.

Демократската унија за интеграција наведува дека ќе продолжи автономно и во рамките на Европскиот фронт да биде чувар на спроведувањето на овие историски договори, исто како што имаше одлучувачка улога во нивното одобрување и спроведување.

„Апелираме до сите протагонисти на локалната политика да ги почитуваат договорите, бидејќи само со нив се гарантира мирот, стабилност и развојен прогрес на земјата“, порачува партијата.

Инаку, вчера објавивме дека претседателот на САД за една година ја продолжил уредбата за прогласување вонредна состојба во Западен Балкан, во која меѓу другото, е наведена и Македонија и е нагласено дека непочитувањето на трите договори постигнати во нашата земја повлекува и санкции и претставуваат закана за безбедноста на Белата куќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ