Не грижете се за болести!
Хипохондријата не помага во менталното здравје. Не треба премногу да се размислува за можни болести и здравствени нарушувања. На овој начин само си го преоптовараме мозокот. Д-р Полок истакнува дека мора да се има и други интереси – неповрзани со нашето здравје.
Не прифаќајте слабост!
Можеби не е општо прифатено мислење, но постарите луѓе може да си ја подобрат мускулната сила. Внесувањето протеини е важно за минералната густина на коските и силата на стисокот, на пример, додека секојдневните чучнувања и лесни склекови можат да помогнат да го контролирате телото, препорачува д-р Полок.
Советот гласи: Не прифаќајте туку-така дека сте слаби.
Не игнорирајте ја технологијата!
Современите модерни технолошки уреди „од новото време“ може да бидат исклучително иритирачки… Но, за постарите лица, препорачливо е да се држат во чекор со најновата технологија. Тоа, на пр., ќе им помогне да останат во редовен контакт со роднините, пријателите и семејството.
Сѐ поретко дружење со пријателите
Социјалната анксиозност (или одбивност кон дружбите), може да се зголеми со возраста. Сепак, советот тука вели: Не кажувајте „не“ на дружењето што ви го олеснува животот. Дружењето е добро за душата, а научните истражувања го поврзуваат со здрав животен век. Дури и едноставните работи како одење на претстава или концерт може да ви помогнат да се чувствувате подобро и посреќно, појасни д-р Полок.
Не очекувајте чуда!
Но и паѓањето на под, на пример, може „да ја разниша“ самодовербата и надежта за успешно закрепнување… Сепак, како што вели изреката – „застанете на нозе“ наместо целосно да се потпрете на физиотерапевт, кој секако ќе ви помогне, ама и треба да продолжите со секојдневието, вежбите итн., скромно, без да се очекуваат чуда.
Премногу апчиња
Д-р Полок истакнува дека не треба да се пијат премногу таблети бидејќи тоа може да има и негативно влијание врз здравјето. Многу луѓе сакаат да пијат апчиња затоа што тоа нудело брзи решенија. Но, лекарот тврди дека најмалку 20 отсто од приемите в болница за лица над 85 години се поврзани со лековите.
Некои таблети, како што се апчињата за мочниот меур и антихистамините, можеби нема да помогнат долгорочно. Сепак, секогаш разговарајте со вашиот општ лекар за најдобар совет, препорачува лекарката.
Не избегнувајте ги младите!
Благодарение на интернетот и новите збунувачки сленг-зборови, генерацискиот јаз меѓу повозрасните и младите е поизразен за некои луѓе. Сепак, меѓугенерациските односи се навистина одличен начин луѓето да најдат нов живот. Помладите уживаат во стабилната мудрост на постар пријател, додека постарите можеби сметаат дека тоа им помага да бидат во чекор со времето и променливиот свет.