понеделник, 25 ноември 2024

ДОМ избра четворица копретседатели кои ќе раководат до локалните избори

Зелената партија ДОМ денеска одржа вонреден Конгрес, кој беше свикан по поднесената оставка на досегашната претседателка Маја Морачанин поради неуспешните резултати на неодамнешните парламентарни избори. На Конгресот партијата избра ново претседателство составено од четири копретседатели кои ќе ја водат партијата како в.д. раководство до следните локални избори.

Објавено на

часот

Сподели

Новите копретседатели се: Александар Анѓушев, Ана Угринска, Антони Новотни и Дане Милошевски.

Новоизбраните копретседатели ќе раководат со партијата во периодот до локалните избори, по што партијата ќе одржи редовен конгрес на кој ќе се избере нов лидер.

„ДОМ останува посветен на своите основни вредности и цели, неотстапувајќи од своите програмски приоритети за спроведување на зелените политики во делот на заштитата на животната средина, праведната енергетска транзиција, борбата против корупцијата и почитување на темелните човекови права на сите граѓани.

Нашата мисија продолжува да биде насочена кон унапредување на општеството и постигнување одржлив и праведен развој, залагајќи се за подобар живот на сите граѓани на Македонија“, се вели во партиското соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ