Фамилијата Ѓоковиќ беше организатор на АТП турнирот во Бања Лука, а организацијата била во соработка со локалните власти предводени од Милорад Додик.
По турнирот Додик бил на гостување во РТС, во неофицијалниот дел кој не одел на ТВ, Додик без влакно на јазикот зборувал против фамилијата Ѓоковиќ.
Видеото подоцна излезе на социјалните мрежи.
„Морам да ти кажам дека овие Ѓоковиќ се тешки у пи*ку матер уффф. Нашите луѓе го доживуваат емотивно, но кога ќе влезеш во бизнис со нив…ауу циганија поприлична морам да ти кажам. Тие соработниците нивни, тоа е… па уште и тој изгуби во четвртфинале“, рече Додик во неофицијалната конферзација со новинарот.
Откако излезе видеото, Додик јавно се извини, но замери и на РТС затоа што излегло видеото.
„Жал ми е што доживеав големо разочарување од РТС. Ќе продолжам да ги почитувам успесите на неповторливиот Новак Ѓоковиќ и како и досега да ја почитувам неговата фамилија. Драго ми е што ги увидов организациските и менаџерските способности на Ѓорѓе Ѓоковиќ и останувам многу благодарен што турнирот годинава се одржа во Бања Лука“, е дел од извинувањето на Додик.