петок, 13 декември 2024

Трамп потврди: Една од првите мерки ќе биде зголемување на царините за производите од Кина, Канада и Мексико

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп потврди дека меѓу неговите први економски мерки по инаугурацијата во јануари ќе биде зголемувањето на царините за производите што доаѓаат од Кина, Канада и Мексико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Една од моите први извршни наредби на 20 јануари ќе биде потпишување на потребните документи за воведување царини од 25 отсто на сите производи што влегуваат во САД од Мексико и Канада“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл.

„Оваа одлука ќе остане во сила се додека дрогата, особено фентанилот и сите илегални имигранти не ја запрат инвазијата на нашата земја“, додаде Трамп.

Во посебна порака тој најави дополнително зголемување на царинските такси за 10 отсто за производите кои пристигнуваат во САД од Кина.

Трамп ја објаснува својата одлука со кризата во САД, која ја поврзува со дрогата и имиграцијата.

За време на кампањата, Трамп најави царини и до 60 отсто за одредени кинески производи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ