среда, 4 декември 2024

Повеќе од 30 китови се насукаа на плажа во Нов Зеланд, повеќето се спасени (ВИДЕО)

Група од повеќе од 30 китови-пилот се спасени откако се насукале на плажата Руакака, во близина на Вангареи, во северен Нов Зеланд, јавува Би-би-си.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Одделот за заштита на природата (ДОК) соопшти дека повеќето од китовите биле вратени во морето и испливале, но три возрасни китови и едно младенче угинале. Во текот на ноќта не е забележано повторно насукување.

Акцијата за спасување ја предводеше локалната маорска група Патухаракеке, на која им се придружија властите и други граѓани.

Насуканите китови се природен феномен кој сè уште е необјаснет, а Нов Зеланд има една од највисоките стапки на вакви настани во светот.

Китовите биле вратени во морето така што биле кренати на платнени церади.

Членовите на групата Патухаракеке останале на плажата во текот на ноќта за да се погрижат спасените китови повторно да не се насукаат.

ДОК – кој е задолжен за управување со спасувањето на насуканите морски животни – го нарече спасувањето „неверојатно бидејќи сите се здружија за да им помогнат на китовите“.

„Неверојатно е да се види вистинска грижа и сочувство што луѓето ги покажаа за овие прекрасни животни“, рече менаџерот за операции на ДОК, Џоел Лаутербах.

Тој им се заблагодари на сите учесници, вклучително и на групата Патухаракеке и Проект Џона, организација која обезбедува помош за насукани морски цицачи, како и „стотината граѓани кои досега помогнаа“.

Во оваа земја вообичаено се насукаат китови и делфини. Во просек, ДОК реагира на околу 85 такви случаи годишно, главно насукување на поединечни животни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ