петок, 6 декември 2024

Вреди: Ахмети, немој да се криеш во Швајцарија и одговори зошто сета оваа љубов кон Груевски!

Поминаа четири дена откако јавноста беше потресена од шокантните откритија за ДУИ и нејзината разбиена клика. Што прават тие? Mолчат! Планот за враќање на Никола Груевски, оркестриран од високи експоненти на ДУИ, е нож во грб на Албанците. Вас, на кого Албанците му веруваа, работевте скришно да го вратите нивниот најголем непријател. Зошто? За да ја зачувате вашата скапана моќ“, се вели во денешното соопштение на коалицијата Вреди

Објавено на

часот

Сподели

„За враќање на Груевски и амнестија беа искористени тајните средби, притисокот врз институциите и вмешаноста на високи функционери. Но, овој срамен план пропадна и сега Албанците бараат одговори.

Ние нема да молчиме. Од Скопје му велиме на Али Ахмети, немој да се криеш во Швајцарија, туку врати се и дај отчет. Зошто сета оваа љубов кон Груевски? Што имаш ти со тоа? Какви пазарења направивте и што се обидувате да скриете од Албанците?

Албанскиот народ повеќе нема да се изманипулира. Правдата доаѓа, а вашите игри завршија. Ќе се разоткријат лагите, манипулациите и тајните зделки. Албанците ја заслужуваат вистината и ќе ја добијат. Дојде време за одговорност“, соопшти Вреди/

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ