Далибор Додер, за кого постоеше можност да не биде дел од ЕП, кое почнува в недела во соседна Србија, сепак ќе настапи за „викинзите“. Шведска е прв противник на па македонската селекција, информацијата за играњето на Додер го израдува стручниот штаб на Швеѓаните.
Десниот бек, кој беше прогласен за најдобар на својата позиција на СП, беше неизвесен поради компликациите при раѓањето на неговиот син. Тој не играше на последниот контролен турнир за Шведска, но откако доби гаранции дека сè ќе биде во ред со неговиот син, Швеѓанецот со српско потекло се реши да допатува во Ниш.