петок, 18 октомври 2024

Доаѓаат тешки времиња за Илиевски во Анадолу Ефес

Објавено на

часот

Сподели

Лоша е ситуацијата во Истанбул за Владо Илиевски

И пред доаѓањето на американскиот кошаркар, Илиевски имаше тешкотии да се најде во натпреварувачкиот состав на тимот од Истанбул. Репрезентативецот на Македонија не беше во составот на Ефес на последните три меча бидејќи ја имаше улогата на прекуброен странец. Турскиот тим досега на располагање имаше пет странци, а според правилата во шампионатот на оваа држава право за настап имаат само четири од нив.

Сега, со доаѓањето на Доудел, ситуацијата само дополнително се замрсува. Американецот доаѓа од НБА-лигата, што наведува на заклучок дека местото во првите 12 му е загарантирано. Тренерот Уфук Сариџа на бековските позиции ги има на располагање уште и Саша Вујачиќ и Керем Тунчери, кои се во улога на носители на тимот, како и солидните турски играчи, Догуш Балбај и Синан Ѓулер, кои добиваат солидна минутажа од тренерот Сариџа.

Во една ваква ситуација, тешко е да се очекува дека Илиевски наскоро би можел да се избори за место во натпреварувачкиот состав на Анадолу Ефес. А тоа автоматски значи дека македонскиот кошаркар наскоро би можел да бара нова средина. Засега, нема никаква информација од Босфорот дали и кога би се случило тоа. Со оглед на тоа што веќе утре почнува Топ 16-фазата од кошаркарската Евролига, објективно да се очекува брза разврска на ситуацијата во која во моментов се наоѓа Илиевски во таборот на турскиот кошаркарски прволигаш.

Игор Крстевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ