Кон крајот на денот и во текот на ноќта, најпрво во западните подрачја ќе има локален дожд, кој ќе се прошири речиси насекаде. На планините дождот бргу ќе преминува во снег.
Утре времето ќе биде облачно со врнежи најпрво од дожд, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег, а на планините ќе има само снег.
На места врнежите ќе бидат поинтензивни, проследени со силен северен ветер, кој ќе услови појава на виулица.
Ќе има формирање нови снежни покривки, а на местата каде што веќе има снежна покривка ќе дојде до нејзино зголемување.
Кон крајот на утрешниот ден се очекува снежните врнежи да го намалуваат својот интензитет, велат од Управата.