среда, 6 ноември 2024

Џафери даде отчет за сработеното пред странските амбасадори во земјава

Претседателот на Собранието Талат Џафери, заокружувајќи го својот втор мандат како претседател на законодавниот дом, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорите на земјите-членки резидентни во земјава, замениците амбасадори на САД, Обединетото Кралство и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на која им беше поделен и презентиран Мандатниот извештај за неговата работа во Собранието, но и на меѓународен план, соопшти собраниската прес-служба.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа средба, која е во ист формат како и на самиот почеток на неговиот прв мандат како претседател на Собранието, на 12 мај 2017 година, е во насока на продолжување со транспарентноста и отчетноста и на неа Џафери ги презентирал плановите за идното функционирање на законодавниот дом. Џафери, како што се наведува во соопштението, накратко се осврнал на постигнатите цели, оставајќи простор низ спонтана дискусија, амбасадорите да споделат свои видувања за работата на Собранието под негово водство. Тие воедно се интересирале за следните активности во пресрет на изборот на техничката Влада, за што Џафери ги информирал за уставните рокови и деловничката процедура, како за изборот на нов претседател на Собранието, така и за изборот на техничката Влада, за распишувањето на претседателските и парламентарните избори и последователно, сите останати дејствија.

„Средбата претставуваше убава можност низ заеднички разговор да се споделат видувањата за работата на Собранието во изминатите два собраниски мандати. На средбата беа присутни и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова и претставници од Кабинетот на претседателот и Службата на Собранието“, пишува во соопштението од Секторот за односи со јавноста на законодавниот дом.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ