среда, 11 декември 2024

Трамп го освои и „народниот глас“, нешто што не му успеа претходниот пат

Доналд Трамп оствари историска победа на американските претседателски избори, освојувајќи ги не само електорските гласови, туку и таканаречениот народен глас, односно мнозинството од вкупниот број гласови на Американците.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова е голем успех за Трамп, бидејќи на претходните избори во 2016 и 2020 не успеа да го освои народниот глас, иако на изборите во 2016 победи и стана претседателот преку гласовите на електорскиот колегиум.

На изборите во 2016 Трамп го изгуби народниот глас од Хилари Клинтон, која имаше околу 2,9 милиони гласови повеќе. Слично нешто се случи и во 2020, кога освои помалку гласови од Џо Бајден, и покрај силната поддршка од гласачите во некои сојузни држави. Оваа година, меѓутоа, успеа да го победи својот противник во сите сегменти.

Тој сега освои речиси 5 милиони гласови повеќе од Камала Харис, иако мора да се истакне дека резултатите сè уште не се конечни.

Трамп во својот победнички говор, одржан околу 8:30 часот по средноевропско време, во Вест Палм Бич конвенцискиот центар на Флорида кажа: „Го освоивме и народниот глас, што е одлично. Нема да лажам, одлично е“.

Ова е првпат од 2004 година републиканскиот кандидат да освои мнозинство од гласовите на гласачите на национално ниво. Тогаш тоа му успеа на Џорџ Буш Помладиот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ