петок, 13 декември 2024

Милевски: Свесни сме за важноста на престојните натпревари

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денеска го објави составот за престојните натпревари против Летонија и Фарски Острови во Лигата на нации.

Објавено на

часот

Сподели

Тоа се последни и одлучувачки натпревари, Македонија е голем фаворит и треба да ги добие овие два меча.

За овој собир Милевски се одлучи да повика двајца дебитанти и за првпат со националниот тим се Бехар Фета и голманот Марко Алчевски на кои Милевски им посака добредојде.

„Сакам да им посакам добредојде на двајцата дебитанти заедно со Стојчевски и Илиевски кој не е со нас и се приклучуваат од последната генерација за У21. Се надевам ќе се наметнат за во иднина“, истакна Милевски.

„Повторно имаме проблеми со повреди. Тихо Костадинов не е во можност да помогне, Муслиу и Трапановски се под знак прашалник. Се надевам ќе бидат здрави и ќе можат да помогнат. Свесни сме за важноста на двата натпревари“.

Без разлика на ситуацијата Милевски посочува дека победата е секогаш императив за Македонија.

„Во секое обраќање на напоменувам дека секој бод и гол се важни. Натпреварите ги почнуваме со една цел и тоа триумф, сакаме да ги намалиме грешките кои се неизоставен дел од секој натпревар. Победата е императив. Очекувам потежок натпревар со Летонија од тој во Рига, секогаш мора да го дадете максимумот за позитивен исход“, напомена Милевски.

Натпреварот против Летонија Македонија го игра на 14 ноември, додека дуелот со Фарски Острови е три дена подоцна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ