четврток, 12 декември 2024

Снегот никогаш волку доцна не се појавил на јапонската планина Фуџи

Снег конечно падна на јапонската планина Фуџи, покажуваат фотографиите кои утринава ги објавија локалните власти и мештаните, при што првите снегулки никогаш не се појавиле волку доцна во годината.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Еве фотографии од планината Фуџи снимени од градската куќа ова утро. Можеме да видиме тенок слој снег близу врвот“, пишува на профилот на градот Фуџи во централната покраина Шизуока западно од Токио на социјалната платформа Икс.

Меѓутоа, јапонската метеоролошка служба ЈМА досега нема официјално потврдено дека денешниот ден претставува рекорд, односно најдоцна забележан ден во есента кога снегот се појавил на планината.

ЈМА за Франс прес објасни дека облаците ги оневозможуваат мерењата кои може да се споредат со претходните години.

Снежната покривка на планината Фуџи во просек почнува да се создава на 2 октомври, а за првпат минатогодишниот снег официјално беше забележан на 5 октомври.

Појавата на снегот во 2024 затоа е најдоцна откако се достапни споредливи податоци од 1894, и е соборен претходниот рекорд на 26 октомври, забележан двапати: 1955 и 2016.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ