петок, 6 декември 2024

Огромна сума пари била најдена кај пензионираниот полицаец фатен во случајот „Грчец“ за оддавање службени тајни

Огромна сума на пари му била најдена на еден од двајцата пензионирани полициски службеници, кој се осомничени дека во перидот од декември во 2019 до март 2021 оддавале службени тајни на криминалната група Дуќанџиќ/Грчец, дознава МКД.мк. Парите кои биле во апоени во евра му биле најдени дома. Двајца полицајци и еден член на криминална група од селото Грчец се во притвор, откако завчера беа уапсени од страна на полицијата.

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката ја донесе судот, а на барање на обвинителството кое посочува дека полицајците соработувале со банди на кои им пренесувале информации поврзани до истраги кои биле во тек. Акцијата која во неделата ноќта ја спроведе Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР беше координирана од јавен обвинител од ОЈО ГОКК. Наредба за спроведување на истражна постапка е донесена против три лица.

Осомничените во периодот од декември 2019 година до март 2021 година извршиле кривично дело злосторничко здружување и продолжено кривично дело оддавање на службена тајна, дополнително прво и третоосомничениот сториле и кривично дело попречување на правдата, а на првоосомничениот му се става на товар и кривичното дело противправно стекнување и прикривање имот.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вчера истакна дека полицијата располага со докази за активностите на криминалната група, која дејствувала на поголемиот дел од територијата на земјата и била активна дури и надвор од границите. Тошковски јавно ги осуди полицајците кои ја злоупотребиле институционалната доверба и соработувале со криминалните структури.

Полицајците ја искористиле довербата и моќта која им била дадена, и во соработка со криминалци извршувале дејствија спротивни на законот. За ова, ќе треба да понесат одговорност, изјави Тошковски.

Осомничените, од користољубие, се поврзале со организираната криминална група „Дуќанџик“ од с.Грчец и како припадници со посебна улога, поттикнати со умисла од првосомничениот во предметот „Грчец“, пренесувале службени информации.

Во наведениот период осомничените од кои двајца поранешни главни инспектори за имотни деликти, односно недозволена трговија со дрога, преку третоосомничениот за криминалната група прибавувале, пренесувале и споделувале информации за постапки што се од значење за јавната безбедност, како и за безбедносни и разузнавачки активности на државните органи. За ваквото неовластено откривање со кое предизвикале штета во работењето и ефикасноста на истражните органи и органите на прогонот и го отежнувале или оневозможувале обезбедувањето на доказите, осомничените добивале награда.

Според содржината на наредбата за истрага осомничените, заедно или поединечно, со информациите што ги споделувале, го отежнале докажувањето во кривичните постапки и тоа: за кривично-правен настан случен во декември 2019 година, секој посебно заканувајќи се дека повторно ќе биде нападнат тој или членовите на неговото семејство, влијаеле врз оштетен – жртва на обид за убиство по нарачка, а сега починат, да ја смени изјавата дадена пред овластени полициски службеници, за убиство во месец август 2020 година осомничените споделиле значајни информации за криминалната група, во текот на втората половина од 2020 година осомничените споделувале службени информации за примена на посебни истражни мерки за тогаш актуелно криминалистичко истражување под кодно име „Планина“ во кое беа опфатени лица од оваа организирана група, за кривично-правен настан случен во септември 2020 година во кој петмина беа осомничени за кривично дело грабнување биле пренесени информаци за обезбедените докази и изјави на сведоции задржани лица, за двојното убиство од март 2021 година во Скопје за кое биле пренесени информации кој е задржан во полициска станица, кои активности се преземаат и кои службени лица се вклучени во криминалистичкото истражување.

А.Д.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ