среда, 11 декември 2024
Градоначалникот Ѓорѓиевски вели дека Кисела Вода се обновува со засилено темпо

По 50 години улица во Пинтија ќе се обнови и ќе добие нов асфалт

Во Пинтија, во моментов после 50 години нов асфалт добива улицата 1.438 на површина од околу 2.000м2, соопштија од општина Кисела Вода. Само годинава, во ова населба досега се асфалтираат улици во должина од над 3.000 метри или за овие три години, околу 5.400 метри.

Објавено на

часот

Сподели

„После половина век нов асфалт добива улицата 1.438 во Пинтија. Со засилено темпо се одвива обновата на Кисела Вода. Во овој момент, се работи на улицата 1.438 во Пинтија на површина од 2.000 м2, која повеќе од пет децении не била предмет на интерес на ниту еден од моите претходници, што е евидентно од големите оштетувања. Овој отпочнат проект е само уште од низата докази дека не застануваме, дека моите ветувања не се само празни зборови а барањата на граѓаните се мој приоритет. Ликот на Кисела Вода го менуваме секој ден кон подобро. Продолжуваме во сите урбани и месни заедници. Мојот народ заслужува“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ