среда, 11 декември 2024

Македонија ги почнува квалификациите за ЕП, Естонија ни е првиот противник

Денеска со почеток од 20 часот машката македонска ракометна репрезентација игра против Естонија во СЦ „Борис Трајковски“, тоа е прв натпревар од квалификациите за Европското првенство кое во 2026 ќе се одржи во Норвешка Данска и Шведска.

Објавено на

часот

Сподели

Покрај Македонија и Естонија, во нашата група се уште и селекциите на Литванија и Словенија. Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе се пласираат на Европското првенств, а таму ќе има место и за најдобрите четири третполасирани од осумте квалификациски групи.

Македонија е фаворит во престојните натпревари против Естонија и Литванија, но тоа треба да го покажеме и на терен.

„Искуството ми покажува дека секогаш треба да бидеме внимателни. Ги анализиравме противниците и имаме подготвена стратегија. Не бегаме од фаворитската улога против Естонија, но очекуваме потежок натпревар на гостувањето против Литванија, која е сериозна селекција со ракометна традиција,“ истакна селекторот Кире Лазаров.

Еден од предводниците на селекцијата треба да биде Филип Кузмановски.

„Не потценуваме ниту еден противник. Ова е прв натпревар, го играме дома и се надеваме на голема поддршка од публиката. Ќе одиме чекор по чекор и ќе се бориме за Македонија повторно да се најде на едно големо првенство“, изјави Кузмановски.

По денешниот меч со Естонија, во овој квалификациски прозорец во недела гостуваме кај селекцијата на Литванија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ