четврток, 5 декември 2024

Денес ќе биде погребен Киро Глигоров

Објавено на

часот

Сподели

Глигоров беше претседател на независна Македонија од 27 јануари 1991 година до 19 ноември 1994 година.
Тој е роден во Штип на 3 мај 1917 година. Во текот на својата кариера извршувал повеќе функции. Бил член на првото заседание на АСНОМ, висок член на Сојузот на комунистите на СФРЈ, член на претседателството на СФРЈ и претседател на Собранието на оваа поранешна држава.
За претседател на независна Македонија беше избран на седница на Собранието на 27 јануари 1991 година, кога за него гласаа 114 тогашни пратеници.
На 3 октомври 1995 година врз него беше извршен и неуспешен атентат. Атентатот беше извршен со автомобил-бомба, која експлодира во непосредна близина на хотелот „Бристол“, во центарот на Скопје. Глигоров го преживеа атентатот, но заврши со тешки повреди во пределот на главата и го загуби едното око. Во атентатот врз Глигоров загина неговиот возач, а беше повреден и еден случаен минувач.
По пензионирањето од активниот политички живот Глигоров беше активен преку фондацијата што го носеше неговото име. Тој беше автор и на повеќе книги.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ