четврток, 5 декември 2024

Дефект на владиниот авион, парламентарната делегација не можеше да патува назад

Собраниската делегација, предводена од претседателот Африм Гаши и пратеници од Собранието, кои престојуваа во официјална посета на шведскиот парламент, синоќа не можеше да се врати назад во Скопје поради фактот дека владниот авион Learjet 60 не бил безбеден за враќање. Информацијата ја пренесе порталот Zoom.mk. 

Објавено на

часот

Сподели

Ова не е прв случај кога владниот авион, кој веќе е стар над 20 години, не е во состојба да лета поради безбедносни причини. Во неколку наврати, експертите укажуваат на фактот дека авионот е престар и дека не одговара на новите трендови и стандарди во авијацијата. Но, и покрај ваквите предупредувања, властите досега не презедоа иницијатива за набавка на нов владин авион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ