петок, 8 ноември 2024

„Да ја доближиме правдата поблиску до граѓаните!“ – изложба на фотографии и панел

Изложба на фотографии и панел дискусија „Да ја доближиме правдата поблиску до граѓаните и граѓанките!“, организирана со поддршка на заедничката програма на  Европска унија/Совет на Европа, проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“, ќе се одржи денеска во 18.30 ч, во Мала станица во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Целта на овој настан е да се прослави Меѓународниот ден на човекови права и да се подигне свеста за важноста на пристапот до правдата за сите и за користа којашто ја носи за сите. На настанот учесниците ќе имаат можност да видат изложба на најдобрите фотографии избрани од фото-натпреварот „Да ја доближиме правдата поблиску до граѓаните и граѓанките!“ ”, којшто беше објавен на Европскиот ден на правдата.

Главни панелисти ќе бидат: Мухамед Точи, државен секретар во Министерството за правда на Македонија, Елена Јовановска Брезоска, раководителка на Одделот за Југоисточна Европа во Советот на Европа, Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатската комора и Милица Шутова, раководителка на Правната клиника при Универзитетот Гоце Делчев во Штип.  

По панел-дискусијата, државниот секретар на Министерството за правда ќе ги објави победниците на натпреварот. На настанот ќе има и музички настапи на студентите од катедрата за џез (Универзитет Гоце Делчев во Штип).

Настанот е организиран во рамките на заедничката програма на Европска унија/Совет на Европа  „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“”, иницијатива за соработка  со цел да им се помогне на земјите-кориснички во Западен Балкан и Турција да ги исполнат европските стандарди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ