По завршувањето на играчката кариера, Барак Бахар станал тренер на Ирони Кирјат Шмона каде се задржал три години, по што го преземал тренерското кормило на Хапол Бер Шева, во 2020 станал тренер на Макаби Хаифа од каде доаѓа во Црвена звезда.
„Нема сомнеж дека станува збор за еден од најперспективните тренери во Европа, кој веќе освои 10 трофеи, па така Црвена звезда во иднина ќе игра напаѓачки фудбал. Му посакуваме многу среќа на новиот тренер“, соопшти српскиот гигант.