петок, 6 декември 2024

Ослободени се Американци што со години беа затворени во Кина

Тројца американски државјани што со години беа затворени од Кина се ослободени и се враќаат во Соединетите Американски Држави (САД), соопшти денеска Белата куќа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Се вели дека тоа е „редок дипломатски договор со Пекинг во последните месеци од администрацијата на Џо Бајден“. Марк Свидан, Каи Ли и Џон Леунг, според американските власти, биле затворени незаконски.

Свидан се соочуваше со смртна казна поради обвиненијата за дрога, додека Ли и Леунг беа затворени поради обвиненија за шпионажа. „Тие наскоро ќе се вратат дома и ќе се обединат со своите семејства за прв пат по многу години“, соопшти Белата куќа.

Американскиот функционер рече дека администрацијата на Бајден покренала прашања за неколку случаи на повеќе состаноци во изминатите неколку години, меѓу другото и во почетокот на овој месец кога претседателот Џо Бајден разговараше со кинескиот претседател Си Џинпинг на маргините на годишниот самит за азиско-пацифичка економска соработка во Перу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ