среда, 4 декември 2024

Либанската армија почна да го зголемува присуството во јужен Либан

Либанската армија објави дека почнала да го зголемува присуството во јужен Либан, пренесува АФП.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Најавата доаѓа откако премиерот Наџиб Микати ја објави одлуката на владата за засилување на распоредувањето на силите во областа по прекинот на огнот меѓу Хезболах и Израел.

„Армијата почна да го зајакнува своето присуство во јужниот сектор Литани и да го проширува авторитетот на државата во координација со привремените сили на Обединетите нации во Либан“, се вели во соопштението на армијата.

АФП објави дека еден од нивните новинари видел армиски трупи и возила во две области во јужен Либан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ